Адел со експлозивен успех се врати на музичката сцена. Откако си подари себеси неколкугодишна пауза и се посвети на мајчинството, британската пејачка го објави хитот „Hello“ и сруши неколку рекорди.
Во првото интервју по три години „медиумски молк“ за списанието „i-D“, Адел зборувала за улогата на мајка и инспирацијата која ја пронашла во Ејми Вајнхаус.
За мајчинството и синот Анџело: Мислев дека ќе биде лесно. Сите го прават, па колку тешко може да биде? Тешко е, но е и феноменално. Тоа е најважното нешто што го имам направено. Тој прави да се чувствувам млада и нема ништо што ќе те приземји повеќе од дете кое клоца и одбива да го направи она што го бараш од него. Порано целиот мој свет се вртеше околу мене, но сега мора да се врти околу него.


За Ејми Вајнхаус и нејзиниот албум „Frank“: Ако не беше Ејми и Frank, сто проценти немаше да кренам гитара и да ги напишам „Daydreamer“ или „Hometown“. И „Someone Like You“ ја напишав на гитара. Спротивно на гласините, јас и Ејми не се познававме, не бевме пријатели или нешто слично.


Новиот албум на Адел, насловен „25“ ќе биде пуштен во продажба на 20 ноември.
