Музичкиот бизнис е доста исплатлив, можеби токму затоа стотици и илјадници млади луѓе секоја година се обидуваат со нешто да се издвојат и да го грабнат вниманието на обожавателите на убавата песна.
Списанието Billboard, кое е најрелевантен извор на информации кога станува збор за музичката индустрија, ја објави својата листа на пејачи, пејачки или групи со најголем профит за изминатава година.
На врвот на листата се најде ирската рок група U2 со заработка од 108 600 000 долари. На второто место застана Брус Спрингстин со двојно помала заработувачка од 57 619 000 долари, а третото место го доби Мадона со нејзината заработка од 47 237 000 долари.
Топ 10 според заработката:
- U2
- Брус Спрингстин
- Мадона
- AC/DC
- Бритни Спирс
- Пинк
- Jonas Brothers
- Coldplay
- Кени Чезни
- Металика