Почетна » Новости » Истражувања » Слушањето на омилената музика е пријатно скоро колку и сексот

Слушањето на омилената музика е пријатно скоро колку и сексот

Сигурно сте забележале дека кога ги слушате омилените песни ве обзема пријатно чувство и се чувствувате подобро.

Научниците не само што потврдуваат дека омилената музика нè прави да се чувствуваме подобро, туку и објаснуваат дека таа предизвикува создавање иста хемиска реакција како и добрата храна, парите или сексот.

Жена што слуша музикаСлушањето на омилените песни делува подеднакво убаво како и добрата храна, сексот и парите

Пријатното задоволство кое се појавува при слушање на омилените мелодии всушност е предизвикано од невротрансмитерот допамин. За целите на истражувањето, научниците им го скенирале мозокот на волонтери кои слушале музика.

Резултатите покажале дека за време на „врвот на емоционалната возбуда“, областите од мозокот кои се асоцираат со задоволство создавале допамин. Научниците тврдат дека најмногу допамин имало кога слушателот реагирал многу емоционално на музиката.

Овие резултати уште еднаш потврдуваат дека музиката може да се користи ефективно во маркетингот и филмската индустрија за манипулирање на состојбата на задоволство на публиката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.