Последното продолжение на вампирската сага „Twilight“ освои најмногу златни малини, награди кои завршуваат кај најлошите во филмската индустрија.
„Breaking Dawn - Part 2“ „победи“ во седум категории, меѓу кои и во категоријата Најлош филм. Кристен Стјуарт беше прогласена за Најлоша актерка за глумата во „Breaking Dawn - Part 2“, но и во „Snow White and the Huntsman“, додека Тејлор Лотнер доби награда за Најлош актер во споредна улога.
Лотнер и Мекензи Фој беа прогласени за Најлош пар, а целата екипа на „Twilight“ доби награда за Најлоша екипа од екраните.
Адам Сендлер го спаси Роберт Патинсон од непосакувана златна малина, со победата во категоријата Најлош актер. Познатиот комичар се „закити“ со наградата за својот филм „That's My Boy“.
Ријана беше прогласена за Најлоша актерка во споредна улога за филмот „Battleship“.
Победниците беа објавени синоќа на прес-конференција во Лос Анџелес.
Листа на победници
Worst Picture: „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“
Worst Director: Бил Кондон – „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“
Worst Actress: Кристен Стјуарт – „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“ / „Snow White and the Huntsman“
Worst Actor: Adam Sandler – „That's My Boy“
Worst Supporting Actress: Ријана – „Battleship“
Worst Supporting Actor: Тејлор Лотнер – „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“
Worst Screen Ensemble: „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“
Worst Screenplay: „That's My Boy“
Worst Remake, Rip-Off or Sequel: „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“
Worst Screen Couple: Мекензи Фој и Тејлор Лотнер – „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part II“