Синоќешното доделување на престижните награди Оскар помина во знакот на црно-белиот француски филм „The Artist“. Вкупно пет статуетки завршија во рацете на тимот кој стоеше зад ова филмско дело.
„The Artist“ победи осум други номинирани филма за да ја добие најпосакуваната награда за Најдобар филм, а режисерот на овој филм, Мишел Хазанавишиус, ја освои наградата за Најдобра режија.
Жан Дижарден со задоволство ја прими наградата за Најдобар актер за неговата улога во„The Artist“. Натали Портман му ја додели златната статуетка на актерот кој успеа да ги победи Гери Олдман, Бред Пит и Џорџ Клуни, кои беа номинирани во истата категорија.
Мерил Стрип се закити со третата статуетка во својата богата и успешна кариера. 62-годишната актерка, која има рекордни 17 номинации за Оскар, беше прогласена за Најдобра актерка за нејзината улога во филмот „The Iron Lady“.
„The Artist“ имаше силна конкуренција според бројот на освоени награди. Мартин Скорсезе со неговото дело „Hugo“ исто така доби пет Оскари и тоа сите во технички категории.
Кристофер Плaмер на 82 години го доби својот прв Оскар и тоа во категоријата Најдобар актер во споредна улога, станувајќи највозрасната личност која некогаш добила Оскар. „Ти си само две години постара од мене, драга. Каде беше цел мој живот?“ – ѝ се обратил Пламер на добиената статуетка, која за првпат била доделувана за филмови направени во 1927 и 1928 година.
Наградата за Најдобра актерка во споредна улога заврши во рацете на Октавија Спенсер за улогата во филмот „The Help“.
„Rango“ беше прогласен за Најдобар анимиран филм, „A Separation“ за Најдобар странски филм, „Midnight in Paris“ ја доби наградата за Најдобро оригинално сценарио, а „The Descendants“ го освои Оскарот за Најдобро адаптирано сценарио.
Целосната листа на победници
Best Picture: „The Artist“
Best Director: Мишел Хазанавишиус – „The Artist“
Best Actor: Жан Дижарден – „The Artist“
Best Actress: Мерил Стрип – „The Iron Lady“
Best Supporting Actor: Кристофер Палмер – „Beginners“
Best Supporting Actress: Октавија Спенсер – „The Help“
Best Writing - Original Screenplay: „Midnight in Paris“
Best Writing - Adapted Screenplay: „The Descendants“
Best Animated Feature: „Rango“
Best Foreign Language Film: „A Separation“
Best Documentary - Feature: „Undefeated“
Best Documentary - Short Subject: „Saving Face“
Best Live Action Short Film: „The Shore“
Best Animated Short Film: „The Fantastic Flying Books of Mr. Morris Lessmore“
Best Original Score: „The Artist“
Best Original Song: „The Muppets“
Best Sound Editing: „Hugo“
Best Sound Mixing: „Hugo“
Best Art Direction: „Hugo“
Best Cinematography: „Hugo“
Best Makeup: „The Iron Lady“
Best Costume Design: „The Artist“
Best Film Editing: „The Girl with the Dragon Tattoo (2011)“
Best Visual Effects: „Hugo“