Приказната за Арета Френклин ќе биде раскажана на големото филмско платно. Џенифер Хадсон ќе ја портретира „кралицата на соул музиката“ во филмот „Respect“.
Деновиве беше објавен првиот трејлер за биографската драма, чија премиера е планирана за декември оваа година.
Френклин, која поседуваше еден од најмоќните гласови во музичката историја, почина пред 2 години на 76-годишна возраст.