Арета Френклин со моќна изведба на хитот „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“ ги остави без зборови присутните на гала во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон и измами по некоја солза.
73-годишната кралица на соул музиката го отпеа хитот од 1967 година во чест на Керол Кинг, која ја напиша популарната песна заедно со Џери Гофин.
Настапот го разнежни и Барак Обама кој заедно со сопругата Мишел беше во публиката.