Синоќа по 93-ти пат се одржа доделувањето на наградите Оскар. На свеченоста во „United Station“ во Лос Анџелес, Академијата за филмски уметности и науки ги награди најуспешните во филмската индустрија за изминатата година.
„Nomadland“ ја доби главната награда Најдобар филм, додека за улогата во истиот, Франсес Мекдорманд се закити со наградата Најдобра актерка. Режисерката на „Nomadland“, Клои Џао, испиша историја и стана првата жена од азиско потекло која ја доби златната статуетка за Најдобра режисерка.
За маестралната глума во „The Father“, Ентони Хопкинс беше избран за Најдобар актер.
За Најдобра актерка во споредна улога беше прогласена Јо-Џан Јонг за „Minari“, а Најдобар актер во споредна улога стана Даниел Калуја за „Judas and the Black Messiah“.
Наградата за Најдобро оригинално сценарио беше доделена на екипата на „Promising Young Woman“, за Најдобар документарен филм беше избран „My Octopus Teacher“, додека во категоријата Најдобар странски филм победи „Another Round“.
„Soul“ беше прогласен за Најдобар анимиран филм.
Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.