Ричард Гир се соочува со голем предизвик во новиот филм „Longing“.
Во драмата, која денес ќе биде за првпат прикажана во одредени киносали, бизнисменот Даниел (Ричард Гир) дознава дека имал 19-годишен син кој починал во сообраќајна несреќа. Тоа му го кажува мајката на тинејџерот, Рејчел, која 20 години претходно беше во врска со него.
Даниел веднаш решава да замине во Канада за да го посети гробот на синот и да се обиде да дознае повеќе за неговиот живот. Таму ќе го информираат за неговата опсесија со една од неговите професорки (Даен Кругер)...
Погледнете за што станува збор: