Даниел Кајмакоски со сопругата Марина и двете мали дечиња уживаат на планина.
41-годишниот пејач и неговото семејство се на одмор на Златибор, а тој не пропушти да сподели фотографии оттаму. На дел од фотографиите, Даниел позира со синчето Стефан, а на една од нив ја држи насмеаната ќерка Емилија во рацете, додека на последната објавена фотографија бебенцето е во рацете на Марина.
„Овие две дами ми го украдоа срцето“ – напиша тој.
Даниел и Марина стапија во брак на почетокот од 2023 година, а нивниот син се роди во април. Нивната ќерка се роди во ноември минатата година.
Даниел има уште еден син од бракот со Кристина Димитријевска.