Синоќа во Лос Анџелес се одржа 67. издание на „Еми“. За време на манифестацијата беа наградени најдобрите од телевизиските екрани.
Хит-серијата „Game of Thrones“ беше прогласена за Најдобра драмска серија и се закити со главната „Еми“ статуетка.
Питер Динклиџ ја понесе со себе наградата за Најдобар актер во споредна улога во драмска серија за улогата на Тирион Ленистер во „Game of Thrones“. Популарната серија доби рекордни 12 „Еми“ награди меѓу кои и за Најдобро сценарио и Најдобра режија.
„Veep“ беше избрана за Најдобра ТВ серија комедија.
Џон Хем од „Mad Men“ се закити со наградата Најдобар актер во главна улога во драмска серија, а Виола Дејвис од „How to Get Away with Murder“ беше прогласена за Најдобра актерка во главна улога во драмска серија.
Џулија Луис-Дрејфус од „Veep“ повторно беше избрана за Најдобра актерка во ТВ серија комедија. Џефри Тамбор од „Transparent“ ја прими статуетката за Најдобар актер во ТВ серија комедија.
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.