Уште само неколку месеци нè делат од премиерата на продолжението на големиот хит „Finding Nemo“, кој ја освои публиката во 2003 година. Елен Деџенерис во својата емисија го прикажа целосниот трејлер за анимираниот филм „Finding Dory“.
Вториот дел од филмот, се фокусира на приказната за сината хумористична риба со лоша меморија Дори и потрагата по нејзините родители.
Деџенерис повторно го позајми својот глас за ликот Дори.
Погледнете го целосниот трејлер од новите авантури на Дори, Немо и неговиот татко Марлин.