Неда Украден денес полни 74 години.
Својот специјален ден, српската пејачка го одбележа со споделување фотографии на кои позира во едноделен костим за капење и со семејството на нејзината роденденска забава во Црна Гора.
„Колку години имам? Тамам! Без филтри и ефекти. Да живеам и уживам во животот, мојата прекрасна фамилија, музиката и најдобрата публика која човек може да ја посака. Истото тоа ви го посакувам и вам. Ви благодарам на сите за убавите желби и поздрави“ – напиша таа.
Веднаш по објавувањето на фотографиите, започнаа да се редат комплименти и честитки на Instagram.
„74 ама како 44, секоја чест“, „Права лавица, не е важно колку години имаш, туку како изгледаш и дека убаво се чувствуваш. Изгледаш подобро од некои млади луѓе...“, „Неда изгледа одлично за нејзините години“ – се само дел од коментарите.
Украден е југословенска музичка ѕвезда чии песни се популарни на целиот Балкан. Таа порасна во Сараево, но денес живее и работи во Белград. Неда има една ќерка и три внуци.