Џејми Ли Кертис има по што да го памети 78-мото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
62-годишната актерка доби награда за животно дело, признание за кое рече дека се чувствува почестено. Пред да се качи на сцената за да го прими „Златниот лав“, Џејми блесна на црвениот тепих пред кино палатата во креација со леопардски принт од Долче и Габана.
Џејми пристигна на фестивалот заедно со режисерот Дејвид Гордон Грин за да го промовираат нивниот нов филм „Halloween Kills“.
Наградата „Златен лав“ се смета за една од најпрестижните награди во филмската индустрија и им се доделува на личностите кои дале значаен придонес во неа. Изминатиот викенд, оваа награда ја доби и режисерот Роберто Бенини.