Вита Сидоркина се омажи за Валерио Морабито. 23-годишниот модел на Victoria’s Secret и 43-годишниот милионер се заколнаа на вечна љубов на романтична свадбена церемонија во Италија.
Убавата невеста блесна во венчаница од Зухаир Мурад. Невестинскиот фустан на згодната Русинка доаѓа од колекцијата есен/зима 2017 на либанскиот дизајнер и е од два дела. Штом ќе се отстрани сатенското здолниште, креацијата добива сосема нов изглед.
Еден ден пред свадбата, парот организираше забава за пријателите.