Во последно време, на адресата на Victoria’s Secret пристигнуваат сè повеќе критики за ангажирањето на модели и ангели со слаби фигури.
За најновата фотосесија на познатиот бренд, позираше Вита Сидоркина, а фотографиите предизвикаа нова лавина негативни коментари. Русинката снимаше во плажа во Мајами, Флорида.
По објавувањето на папараци фотографиите, многумина се согласија дека 21-годишната девојка изгледа „нездраво“ и дека „е на работ на анорексија“.
Критиките кон Victoria’s Secret не се однесуваат само на соработката со слаби модели, туку и на употребата на Фотошоп за поставување на недостижни стандарди за женскиот изглед.