Можеби нема да ви се верува, но поминаа 20 години од почетокот на снимањето на „Очајни домаќинки“.
Ева Лонгорија, која ја имаше улогата на Габриела Солис, сподели фотографии и порака за да ја одбележи годишнината од серијата.
„Станувам емотивна само штом ќе помислам колку многу оваа серија промени сè за мене. Толку многу спомени, толку многу епизоди (во тоа време снимавме 24 епизоди за една сезона) и многу иконски аутфити. Сè што знам за правењето филмови и ТВ, го научив во тоа шоу“ – напиша Ева.
Во продолжение погледнете колку многу се променија главните ѕвезди од серијата и како изгледаат денес: