Шмркањето кондоми е најновиот бизарен тренд на YouTube. Тинејџери кои не сфаќаат колкава е опасноста што ја крие овој тренд, „вдишуваат“ кондом преку носот, а потоа истиот го вадат преку устата.
Видеата се грозни за повеќето гледачи и наидуваат на многу негативни реакции, но сепак сè повеќе тинејџери решаваат да го ризикуваат сопственото здравје за да го следат опасниот тренд.
Докторите предупредуваат дека вознемирувачкиот предизвик е премногу опасен и во краен случај може да има фатални последици.