Маж БУКВАЛНО поделил на половина сè што поседувале со поранешната девојка за да ѝ се одмазди што го напуштила. Тој не ги изоставил ни најскапите работи од својата „фер поделба“.
Разочараниот Германец ги поделил подеднакво автомобилот, телевизорот, лаптопот, фиксниот и мобилниот телефон, мебелот, па дури и плишеното мече кои им биле заеднички со девојката Лаура. Потоа, уредно ѝ го испорачал нејзиниот дел, а својот го објавил за продажба на eBay.
За да биде приказната уште побизарна, тој на YouTube објавил и видео насловено „За Лаура“, во кое е прикажан процесот на сечење на предметите. „Лаура, ти благодарам за 12-те „убави“ години!!! Навистина ја заслужи својата половина“ – пишува во видеото.
ВИДЕО
Доколку сте заинтересирани, можете да си купите половина автомобил за 4,5 евра.