Русинка наиде на лавина негативни коментари заради опасна фотосесија. Вики Одинцова висеше од облакодер во Дубаи без безбедносни јажиња само за да направи „совршени фотографии“ и да добие лајкови.
23-годишната девојка, која има над 3 милиони следбеници на Instagram, си го ризикуваше животот висејќи на над 300 метри висина, со што поттикна многу критики. Многумина ја осудија нејзината постапка и ја оценија како „глупава“, „луда“ и „непромислена“.
Погледнете го видеото:
Вики постојано патува низ светот и споделува секси фотографии кои привлекуваат огромен број на обожаватели.