Почетна » Новости » Чуден свет » Мајка ѝ подари ваучер за липосукција на својата 7-годишна ќерка

Мајка ѝ подари ваучер за липосукција на својата 7-годишна ќерка

Мајката која минатата година ја шокира јавноста кога за седмиот роденден ѝ подари на својата ќерка ваучер за пластична операција за зголемување на градите, повторно предизвика лавина од негативни реакции. Сара Бруџ, која е опседната со пластични операции, за Божиќ ѝ подарила на 7-годишната ќерка ваучер за лупосукција, вреден 8.500 евра.

51-годишната мајка, нарекувана уште и „човечка барбика“, изјавила дека ваучерот е всушност инвестиција во иднината на малата Попи.

Попи и СараПопи го покажува подарокот од мајка си

„Го ставив ваучерот во нејзиниот чорап со подароци, нема ништо лошо во тоа“ – изјавила Сара за списанието Closer.

„Таа постојано прашува за операции. Сака да изгледа добро, а липосукцијата е една од оние операции кои секогаш можат да ви се најдат во животот. Јас гледам на тој ваучер како на инвестиција во нејзината иднина, исто како штедењето за нејзиното образование“ – објаснила Сара.

Контроверзната мајка уште во 2010 година предизвика шок кога призна дека ја учи својата ќерка да танцува на шипка. Минатата година ѝ подари ваучер за зголемување на градите, а Попи може да го искористи откако ќе наполни 16 години.

Самата Сара е опседната со пластични операции. Таа досега има потрошено повеќе од 500.000 евра за да го промени својот изглед преку козметички интервенции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.