Почетна » Новости » Чуден свет » Мајка повторно заедно со бебето откако ѝ било украдено од утробата

Мајка повторно заедно со бебето откако ѝ било украдено од утробата

Мајка конечно го зеде во прегратка своето бебе, кое ѝ било украдено од утробата. Бразилката Одет Барето преживеала хорор, откако 21-годишна познаничка ѝ го расекла стомакот за да ѝ го одземе бебето.

Одет била во 37-мата недела од бременоста, кога Дајана дос Сантос влегла во нејзиниот дом, ја удрила со дрвена даска по главата и со жилет ѝ го исекла стомакот за да ѝ го земе новороденчето.

Дајана дос СантосДајана дос Сантос

Откако ја оставила 22-годишната мајка во локва крв, Дајана излегла на улица со бебето в раце и тврдела дека е нејзино. Шокираните соседи истрчале во домот на Одет и веднаш повикале брза помош. Одет заедно со бебето биле однесени во одделот за интензивна нега во болница во Манаус, Бразил, каде останале 15 дена.

Подоцна полицијата открила дека Дајана станала очајна откако ѝ било кажано дека не е бремена како што таа си мислела. Таа сметала дека е бремена затоа што имала подуен стомак, но докторите ѝ кажале дека всушност се работи за тумор. „Докторите ѝ кажале дека не е бремена и дека има тумор“ – изјавил Адриано Фелиз, шеф на полициската станица.

Откако ја чула лошата вест, Дајана започнала да паничи и станала хистерична, бидејќи била убедена дека сопругот ќе ја остави. Дајана ја запознала Одет во истата клиника каде што ја дознала лошата вест и ја убедила дека ќе ѝ даде бебешка облека, со цел да влезе во нејзиниот дом.

Одет вчера за првпат го видела своето бебе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.