Британката Ејми Кроухрст за првпат го привлече вниманието на јавноста во 2002 година, кога на 12 години остана бремена од 15-годишно момче кое не го познавала долго време. Но, таа воопшто не жали за раната бременост и вели дека е пресреќна што уште тогаш го направила тоа, за сега да може да излегува и да запознава момчиња додека нејзината мајка ги чува децата.
„Раѓањето на деца на млади години е најпаметното нешто што го имам направено. Имав многу енергија за нив, а животот за мене започнува сега, на возраст на која можам да уживам – имам слобода да запознавам момчиња и да одам во ноќни клубови додека мајка ми ги чува децата“ – изјавила таа за списанието „Closer“.

„Кога ги гледам девојките со кои одам на училиште како сега имаат бебиња, мило ми е што го направив тоа одамна. Тие ќе бидат дома и будни навечер во наредните 10 години. Освен тоа, тие се дебели, а јас сум големина 6. Пропуштив на училиште, но можам да надоместам и ќе го ценам повеќе“ – дополнила таа.
Ејми не гледа ништо лошо во раѓањето деца на толку млада возраст и вели дека би била среќна ако нејзината ќерка остане бремена во тинејџерските години.
„Сексот на 12 години е ОК ако си подготвена и не си под притисок. Не би ја охрабрувала Дестини да планира бременост на 12, но ако има бебе, ќе бидам среќна. Би било забавно да станам баба на 27 години!“ – рекла таа.
Ејми останала бремена на 12 години, а го родила своето прво дете Елфи на 13. Тогаш се откажала од продолжување на образованието за да може со помош на мајка си да го израсне својот син.

Кога имала 16 години, за краток период ја обновила врската со таткото на Елфи и останала бремена со првата ќерка Дестини.
Во 2009 година била уапсена за поседување на марихуана и тогаш признала дека зела дрога само за да може да избега од секојдневните проблеми и стресот од мајчинството.
И сепак, таа тврди дека е одлична мајка. „Правев грешки, но отсекогаш сум била добра мајка. Имам многу енергија за децата и можам полесно да се поврзам со нив бидејќи сум млада. Со Дестини одиме на шопинг како сестри“ – вели Ејми.
„Жените не треба да го одложуваат имањето деца на млада возраст – тоа те прави подобра мајка“ – тврди таа.
Ејми е невработена, но сега планира да го продолжи своето образование и да стане медицинска сестра.
Психолозите велат дека девојките на таа возраст не се подготвени психички да растат дете. „12-годишна девојка можеби е подготвена физички да има бебе, но не е емотивно подготвена да расте дете. Родителите ги користат сопствените животни искуства за да ги насочуваат своите деца, а на 12 години, ти самата си само дете“ – изјавила Маргарет МекАлистер, детски психолог.