Во емисијата „Taboo“ на National Geographic беше прикажан еден од најновите трендови во модификацијата на телото. Станува збор за бизарниот тренд „bagel head“, односно чело во форма на крофна.

За да се направи модификацијата, се става инјекција со физиолошки раствор во челото на личноста. Откако растворот ќе истече и ќе се направи голема „џумка“, со прст се притиска во центарот за да се направи длабнатина.
Трансформацијата не е перманентна и трае околу 16-24 часа.
Во видеото на National Geographic се покажани три лица кои го променуваат изгледот на челото. Погледнете:
Во емисијата на тема „екстремно тело“ гостувала и жената со најмногу пирсови на телото, која има повеќе од 8.000 пирса.

Дел од емисијата ѝ бил посветен на „Жената вампир“. 96% од телото на страшната Мексиканка е прекриено со тетоважи, а врз себе таа има и многу пирсови и импланти.
