Видео снимка од мајка која безмилосно ја тепа малата ќеркичка ја потресе турската јавност.
Во видеото, јасно се гледа како 27-годишната Турчинка се изживува врз 2-годишното девојче.
Имено, таткото се посомневал за насилството на сопругата, откако неколкупати забележал модринки на телото на ќерка си, па решил да постави камера на која улови неколку шокантни моменти.
Во еден момент, мајката го тепа девојчето кое лежи на подот, а откако ќе стане и повторно ќе се доближи до неа, тоа повторно добива ќотек. Потоа, безмилосната жена ја крева ќерка си и ја фрла на каучот.
Таткото го пријавил случајот во полиција и против мајката е покрената судска постапка.