Почетна » Новости » Чуден свет » ВИДЕО: Како изгледа „згрешен“ имплант на задникот

ВИДЕО: Како изгледа „згрешен“ имплант на задникот

Зголемувањето на задникот со помош на импланти станува сè попопуларно во светски рамки и многу девојки легнуваат под нож кај недоволно стручни хирурзи. Ново вирално видео покажува еден од ризиците од ваквите операции, поточно како изгледа лошо поставен имплант.

На снимката жена го превртува имплантот во задникот додека вели: „Мислам дека не би требало имплант да го прави тоа. Не би требало да се мрдаат“.

Видеото за првпат било објавено на WSHH, заедно со следнава порака: „Ова е опасноста од имплантите на задникот... Дами, никогаш не си ставајте силиконски инјекции, тие се токсични за телото. Но, имплантите не се ништо подобри, има преголем ризик од инфекции, поместување на имплантот и имаш чувство како да се камења. Не треба да споменувам дека не изгледаат природно. Сакајте ја кожата во која се наоѓате.“

„Еве што се случува кога имплантите не се како што треба... Ова е мое лично искуство, за малку ќе умрев од оваа операција и ќе ги отстранам овој четврток.“

Британскиот „Daily Mail“ разговараше со Адриан Ричардс, консултант за пластична хирургија, кој смета дека видеото е автентично и дека е сосема возможно имплантот да се движи ако операцијата не е правилно изведена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.