Кристал Ворен спиела со 1.000 различни мажи во текот на својот досегашен 42-годишен живот. Сексуалната зависничка тврди дека до својата 17-та година веќе имала завршено в кревет со 40 мажи.
„Луѓето обично не ја поврзуваат зависноста од секс со жените. Обично нас нè обвинуваат дека бараме изговори пред да се изгаснат светлата, но со мене е поинаку. Јас мислам на секс цел ден“ – изјавила Кристал за Daily Mirror.
Кристал ја изгубила својата невиност на 15 години и верува дека уште оттогаш станала секс зависничка. „Се почувствував моќна откако ја изгубив невиноста“ – изјавила таа. Наскоро започнала да има секс со момчиња на нејзина возраст и спиела со ново момче скоро секој втор месец, па до времето кога наполнила 17 години, веќе имала зад себе 40 сексуални партнери. „Во тоа време мислев дека сите други девојки во моето село експериментираат. Не знаев дека 40 е повеќе од бројот на мажи со кои повеќето жени спијат во текот на целиот свој живот“ – објаснила таа.
Кога Кристал не може да го добие она што го сака, таа станува депресивна. „Ако поминам неколку дена без секс, започнувам да се чувствувам очајно, депресивно и без енергија. Започнувам да ги гледам мажите како сексуални објекти. Се движам по улицата и имам сексуални мисли, особено за помладите мажи“ – рекла таа.
И покрај тоа што спиела со најразлични мажи, Кристал вели дека нема добиено сексуално пренослива болест. Иако не може да има деца, таа секогаш користела заштита за време на сексуалните авантури.
Досега Кристал имала само две врски и во двата случаи со помлади мажи. Првата врска завршила бидејќи таа го изневерила својот партнер, а втората затоа што тој ја изневерил неа. Неверството било шок за Кристал и поради тоа што морала да си докаже дека сè уште е привлечна за мажите, во наредните седум години спиела со 400 мажи. Еднаш во текот на 24 часа спиела со 7 различни мажи.
Како што поминувале годините, така на Кристал ѝ станувало потешко да пронајде мажи за секс. „Никогаш не сум имала проблем да им пријдам на мажите. Но, одвреме-навреме некој ќе ми речеше ‚не сум таков тип’ или ‚имам девојка’“ – признала таа. Затоа, сега таа е член на сајтови за пронаоѓање на партнери за секс.
Причината за својот голем сексуален апетит Кристал ја гледа во разводот на нејзините родители. Болната разделба на родителите се одвивала пред нејзините очи кога таа имала само 5 години. „Гледам каква болка нанесуваат врските“ – објаснила таа.