На сите ни е јасно колку е важно да пиеме доволни количини вода во текот на денот со цел да се хидрира организмот и да му се овозможи нормално функционирање. Но, колкумина од нас имаат навика да го прочитаат составот на водата пред да го отворат шишето?
А тоа всушност е една од најосновните работи кога станува збор за водата, бидејќи не е важно само да се испие доволна количина, туку многу позначајно е каква вода пиеме. Некои од компаниите кои се занимаваат со производство на вода за пиење честопати ја прочистуваат пред таа да стигне до крајните потрошувачи, а потоа ѝ додаваат различни состојки како што се на пример калциум, магнезиуми сл., обидувајќи се да го направат нејзиниот вкус поприфатлив за консументите. Но, со менувањето на нејзиниот состав, значително се менуваат и својствата на водата, како и нејзиното влијание врз организмот.
Кај водата MaYa тоа не е случај. Нејзиниот состав останува непроменет од самото извирање до отворањето на шишето бидејќи оваа вода во целиот тој процес не поминува низ никакви интервенции како што се дегасификација, деминерализација или минерализација. Нејзиниот природен состав е совршено избалансиран, односно содржи идеални вредности на минерали кои му се неопходни на организмот за да функционира беспрекорно. Натриумот што го содржи оваа вода е природно низок, што не може да се сретне кај другите води кои се присутни на пазарот. MaYa има pH вредност од 7,6, која е во рамките на pH вредноста на подземните изворски води коишто не се хемиски третирани, ниту се модифицирани на кој било начин.
За да може да има благотворно дејство врз организмот, водата за пиење мора да биде чиста и избалансирана, без додатоци. MaYa го нуди сето ова. Поради нејзината беспрекорна чистина и совршениот баланс на минерали, оваа планинска вода која извира од подземните извори на карпестата планина Стогово не подлежи на никаква интервенција додека дојде до потрошувачите. Тие восекое шише MaYa добиваат чиста, планинска, природно филтрирана вода, од срцето на природата. Вода која потекнува од дебарското село Гари, едно од еколошки најчистите подрачја во поширокиот регион.
Затоа, следниот пат пред да отворите шише вода, прво внимателно прочитајте го нејзиниот состав. За да бидете сигурни што пиете.
Комерцијален текст