Почетна » Новости » Актуелно » „Моите деца сè уште имаат татко благодарение на докторите“: Првиот повреден кој се врати од лекување во странство со порака

„Моите деца сè уште имаат татко благодарение на докторите“: Првиот повреден кој се врати од лекување во странство со порака

Дарко Стојанов пристигна дома. Тој е првиот повреден во пожарот во Кочани, кој вчера се врати во Македонија по лекувањето во Србија.

Тој се лекуваше во клиничкиот центар во Белград и за среќа е во добра здравствена состојба.

Дарко денес се огласи на социјалните мрежи, со порака полна со благодарност што повторно е со своето семејство и почит кон докторите и медицинските лица кои се грижеа за него.

Дарко Стојанов

Драги пријатели, познаници и непознаници.

МИЛИ МОИ УЧЕНИЦИ ПРЕМНОГУ МИ НЕДОСТАСУВАТЕ, НО ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НАСКОРО. МОЈ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СОЛИДАРНОСТА, ЕМПАТИЈАТА И ХРАБРОСТА КОЈА ЈА ДОБИВАМ.

Со оваа објава пред сè сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните којшто се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата која ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за сè што прават. Се надевам дека овие херои што побрзо ќе добијат сè што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клинички центар Србија. Моите деца сè уште имаат татко благодарение на докторите и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе нè обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!

Дарко Стојанов

Погледнете и видео од неговото пристигнување во нашата земја:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24345 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.