Вработените во продавницата Jumbo се соочуваат со необичен проблем – неколку дена не можат да натераат еден од купувачите да си замине од продавницата. Како што објаснуваат вработените, тој дошол во Jumbo за да се подготви за претстојниот одмор, но оттогаш не сака да си оди.
Ситуацијата е невообичаена и за другите купувачи кои се вчудовидени од глетката на човек кој буквално живее во продавницата. По добивањето на оваа информација и ние отидовме во Jumbo за да ја провериме. Таму го затекнавме купувачот како ужива во летен амбиент меѓу рафтовите, со пијалак во рацете. Вработените ни раскажаа дека покрај тоа што тука се опушта, тој во продавницата и јаде, работи, спие...
„Точно е, човекот цело време е тука и никако не сака да си оди. Но, не се буниме, бидејќи ние во Jumbo сакаме сите купувачи да се чувствуваат како да се дома“ - кратко ни изјавија вработените.
Сакавме да го прашаме и купувачот кога планира да го напушти Jumbo, но тој воопшто не го регистрираше присуството на нашата екипа бидејќи беше зафатен со уредување на просторот околу него.
Комерцијален текст