Агенцијата за кредитен рејтинг, S&P Global Ratings, на 31-ви јули, 2019 година, на групацијата Триглав и на нејзината матична компанија, Заваровалница Триглав, како и на компанијата ќерка Позаваровалница Триглав Ре повторно им ги потврди долгорочниот кредитен рејтинг и кредитниот рејтинг за финансиска моќ »A«. Овие рејтинзи имаат стабилна среднорочна прогноза. Според S&P, повторното доделување на високиот рејтинг е резултат на водечката позиција на групацијата Триглав на осигурителниот пазар и на пазарот за управување со средства во Словенија, како и на позицијата и на нејзиното јакнење на пазарите во регионот. Истовремено, агенцијата ги нагласува стабилното, добро работење на Групацијата, соодветниот профил на ризик и цврстата адекватност на капиталот.
Кредитниот рејтинг »A« е исклучиво рејтинг на самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата и не содржи никакво зголемување, кое што би било последица на поврзаноста на Групацијата со државата. Согласно наводите на S&P, рејтингот се темели на водечката позиција на Триглав во Словенија и во регионот, на неговата добро сегментирана понуда, разгранетата продажна мрежа и на моќниот препознатлив бренд. S&P го оценува профилот на деловни ризици како многу стабилен. Инвестициското портфолио на групацијата Триглав е квалитетно и добро распределено, насочено воглавно на инвестиции на подрачјето на еврозоната. Групацијата има конзервативна реосигурителна заштита и солиден профил на ризик.
Сето ова на групацијата Триглав ѝ овозможува стабилно и профитабилно работење, а S&P очекува тоа да продолжи и во иднина. Исто така, S&P очекува дека Групацијата ќе продолжи со спроведување на развојните активности согласно стратегијата, вклучувајќи ги континуираниот развој на сегментирана продуктна понуда, географска распределба на приходите со зголемување на уделот во премија на пазарите надвор од Словенија и јакнење на активностите во доменот на управување со средства. Растот и развојот на Групацијата се поддржани од постојната добра капитализираност, која што S&P очекува дека и во иднина ќе ги задоволува минималните критериуми за рејтинг »AА«.
Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг е резултат на очекувањата на S&P дека Триглав, во двегодишниот период што следи, ќе продолжи успешно да ја спроведува деловната стратегија, фокусирајќи се на раст, натамошен диверзитет во работењето, зачувување на високата адекватност на капиталот и добро, стабилно работење.
Комерцијален текст