За само еден ден откако официјално беше претставена новата мултифункционална мобилна апликација HalkEco на Халкбанк, истата ја имаат симнато 1.242 граѓани кои за 24 часа успеаја да обезбедат нови 22 дрвja што Халкбанк ќе треба да ги засади. Сите оние што започнаа да ја користат апликацијата додека пешачат, трчаат, возат велосипед или електричен тротинет имаат поминато 1.809 километри и со своите здрави навики ја намалија емисијата на јаглен диоксид за 234 килограми.
Халкбанк како прва еко банка ја разви мобилната апликација HalkEco што има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност банката ќе засадува дрвја, со што заедно ќе придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, ХалкБанк ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.
Сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, ќе добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци што ќе ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, ќе ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.
Во апликацијата се содржани повеќе елементи чија заедничка цел е намалување на емисијата на штетните гасови и засадување што повеќе дрвја.
Комерцијален текст