Најдоброто место за шопинг и забава во Скопје слави 12 години постоење! Започнатата приказна пред 12 години секојдневно се развива, следејки ги желбите и потребите на сите посетители. Веќе 12 години посетители на молот тука наоѓаат сѐ што сакаат. Со секоја година постоење, Скопје Сити мол прерасна во место кое е синоним за одличен шопинг, врвни брендови, филмски искуства и забава за сите генерации… Место каде што секоја генерација си создава свои незаборавни спомени.
Три дена исполнети со неодоливи роденденски попусти, музика и диџеи во текот на целиот ден, детски работилници, настани пред и во самите продавници како дел од едно несекојдневно роденденск ошопинг доживување за сите посетители.
Искористете го овој славенички викенд да го купите она што ви треба по роденденски попуст, но и да се забавувате со бројните активности кои ќе ве изненадуваат насекаде низ молот. Бидете подготвени да танцувате додека уживате низ молот на ритамот на диџеите за цело работно време на молот. Одлична можност да добиете бесплатна шминка од професионални шминкери со врвни брендови, да се забавувате со photobooth фотографирања, да уживате во несекојдневно шоу со оган, но и да бидете дел од демонстрирање на цртање на патики и уште многу други изненадувања!
За најмладите, овој викенд ги очекуваат работилници со глина и научни работилници. По повод овој значаен јубилеј, 12 години постоење, иако беше планиран тридневниот спектакл со 3D мапинг и концерти на отворено на roof top-от на Скопје Сити Мол, поради лошите временски услови кои се најавени овој викенд, тие за жал ќе мора да бидат откажани.
Искористете го овој викенд и оваа совршена можност за семејно дружење, забава и шопинг со роденденски попусти!
Скопје Сити Мол слави 12 роденден! Сите сте поканети!