Долго топло лето – идеално за радост и планирање на освежување на домот. А како најдобро да се направи тоа, ако не со специјалните роденденски попусти што Прима ги подготви за сите свои клиенти по повод роденденот на салонот во Чаир.
Остануваат уште само неколку дена до големата прослава на 20 јули во Чаир за кој освен најновите колекции на мебел дизајниран и изработен во Хрватска, сите посетители ги очекуваат многубројни изненадувања, игри, подароци или, со еден збор вистинска роденденска радост!
Токму затоа Прима ги повикува сите да дојдат в сабота, на 20.7 во салонот во Чаир кој се наоѓа на улица Македонско-Косовска бригада бр.73 во периодот од 12 до 13 часот кога започнува големиот Treasure hunt во кој посетителите ќе треба да ги бараат скриените ваучери низ мебелот или декорациите за дом, кои ќе им донесат 9 специјални подароци, како и главниот подарок еден од нивните најпродавани артикли, регалот Феликс.
Но кога се работи за Прима, на нејзините прослави посетителите не се радуваат само еднаш, туку неколку пати.
Овој пат тука е и специјалниот giveaway со кој на најсреќниот, Прима ќе му подари сет од маса Ондина и 4 столици Инеа. За овој подарок сите заинтересирани може да ги дознаат насоките на профилот на Прима.
Среќен роденден, Прима!
Комерцијален текст