Моето искуство како тинејџер кој во својот средношколски период се соочил со предизвикот акни значеше барање на решение што побрзо и што поефикасно, вели Ненад, 19-годишен студент од Скопје.
Наоѓањето на вистинскиот производ за нега на кожата, тогаш ми се чинеше како да барам игла во сено. Искрено пробав сѐ и сешто за да стигнам до производот смирувачки крем за кожа на Еуцерин DermoPure, за мене значеше крај на ова истоштувачко патување. Акните знаат да предизвикаат разочараност и обично патувањето е обележано со многу обиди и грешки, но и удари врз самодовербата.
Постојаната борба против појава на акните или црвенила и лузни ми создаваа непријатно чувство, па почнав да се повлекувам од социјалните интеракции, истоштувачки е да се пробуваат разни производи и да не се знае дали ќе го подобрат или влошат здравјето на кожата.
Се решавав и за терапии со медицински рецепти, но за мене не беше тоа трајно решение. За Еуцерин DermoPure слушнав од мојата најдобра другарка, таа веќе користеше и најпрво се обидов со нејзиниот производ за да се уверам дека тоа е колекцијата за мене. Таа ми објасни дека кремата е најдобро да се користи барем заедно со гелот за измивање Dermo Pure Гел за масна кожа, а потоа да се нанесе интензивен смирувачки крем за кожа склона кон акни.
Да се интегрираат барем овие два производи во дневната рутина мене не ми претставуваше тешкотија и не ми одземаше време. Веднаш забележав промени по неколку недели секојдневна нега. Воспалението прво почна да се намалува а потоа сосема исчезна. Производите воопшто не ја исушија мојата кожа со што се соочував константно во минатото.
Ова искуство ме научи дека за битка против акните важно е да се најде линија за нега на кожата што е специфично таргетирана за проблемот со кој се справуваме. Вредноста на трпеливоста во мојот случај се исплатеше, но и конзистентноста во рутината и целокупната секојдневна нега и лична посветеност.
Комерцијален текст