Почетна » Новости » Промо » Разговор со Софија Филиповска: Во „Максимилијан“ пристапот кон секое дете е индивидуален, но успехот е заеднички

Разговор со Софија Филиповска: Во „Максимилијан“ пристапот кон секое дете е индивидуален, но успехот е заеднички

Градскиот парк е омиленото место за голем дел од нас. На стариот влез од паркот, од десната страна ќе Ве импонира убавата градина на Меѓународното училиште „Максимилијан“. Лоцирано во рамки на најубавиот зелен појас во Скопје, а училиштето овозможува мотивирачка средина за најмладите. Тука учениците учат преку практични примери, игра, а учествуваат и во голем број на национални и меѓународни натпревари, спортски активности, хуманитарни акции и сл.

На самиот влез на училиштето нѐ пречека директорката на „Максимилијан“, Софија Филиповска. Училиштето го посетивме во 8:30 наутро, кога и започнува наставата, па затоа раздвиженоста на учениците и наставниот кадар беше очигледна.

Во еден дел од училишниот двор, учениците веќе имаа спортски активности и детскиот џагор придонесе за уште попријатна атмосфера, за да го започнеме овој навистина инспиративен разговор.

Софија Филиповска

Како започна приказната за Меѓународното училиште „Максимилијан“, кажете ни нешто повеќе за оваа образовна установа?

- Филиповска: Меѓународното училиште „Максимилијан“ е основано во 2009 година. Кај нас, индивидуалниот пристап е најважен. Паралелките се до 10 ученици, а наставата се спроведува на англиски јазик. Ние сме светско IB училиште. Тоа значи дека функционираме по одредени принципи, како што е континуирано подобрување на образовниот процес, креирање на инклузивна средина во која различностите се реалност, а учениците се стремат кон креирање на подобра заедница и општество во целина.

Образованието, науката се областите кои секогаш ме интересирале и навистина сум среќна што и секојдневно се занимавам со истите. Имаме основно образование и гимназиско образование.

Всушност во нашата установа можете да ги „изодите“ речиси сите фази од образовниот процес, особено фазите во кои се градите како личност, ги стекнувате првите навики, интереси и дознавате за околината и светот. Затоа работата е предизвикувачка и никогаш не е здодевно.

Кога ќе направите споредба, на почетокот и сега, дали предизвиците се променети, како се прилагодувате на постојаните промени во општеството, особено во делот на интересите кај младите?

- Филиповска: Денеска сѐ толку брзо се менува, подинамично е (се смее)... а, особено во делот на млади и работите кои нив ги интересираат. Навистина е тешко да се задржи нивното внимание, но затоа имаме високо обучен и креативен воспитно – образовен кадар, кој го дава својот максимум во едукацијата и грижата за секое едно дете.

Факт е дека децата, младите растат со социјални мрежи, со Интернет, со многу информации кои ги читаат и гледаат на дневно ниво и тоа навистина влијае и во нашата работа.

Софија Филиповска

Го спомнувате новото време, дигиталните медиуми, социјалните мрежи и сл. Дали во „Максимилијан“ имате план за правилно користење на овие е-уреди (мобилни телефони, таблети, компјутери). Како се справувате со оваа „зависност“ кај новите генерации?

- Филиповска: Дигитализацијата е неспорен процес и на истата и јас, но и целиот тим на „Максимилијан“ гледаме како на позитивна работа која треба да се случи. Искрено, сметам дека не треба да се плашиме од технологијата туку да се научиме како правилно да ја користиме. Сепак, во нашето училиште ограничена е употребата на мобилните телефони. Оваа рестрикција е воведена, се со цел да обезбедиме поквалитетна настава, учениците навистина да учат за време на предавањата, а не да „скролаат“ по социјалните мрежи и да бидат дефокусирани.

Сепак, апсолутно дека е-уредите треба да се користат, како поддршка на целиот образовен систем. Ние ги мотивираме младите да истражуваат, да прават анкети и анализи користејќи ги дигиталните алатки. Благодарејќи на тие е-уреди, платформи денеска учениците можат попрактично да го доживеат тоа што го учат од наставните помагала (книги, учебници, прирачници).

Интернетот, технологијата го заштедуваат нашето време и стануваме попродуктивни и порационални. Е, сега проблемот се јавува кога забавните содржини на социјалните мрежи го окупираат времето на најмладите. Тука е предизвикот. Како да ги насочиме да прават разлика меѓу лажна и точна вест, меѓу лага и вистина, закана и подадена рака. Во училиштето имаме дигитално писмен и обучен кадар, но посебно ме радува фактот што и покрај тоа што живееме брзо и динамично, во „Максмилијан“ сѐ уште работиме по вредностите на емпатија, споделување и меѓусебнa толеранција.

Тоа што може да се забележи од Вашите активности е фактот што посветувате големо внимание не само да работите согласно она што е наставна програма, материја и сл. туку вложувате и во голем број на вонучилишни активности (креативни работилници и сл.). Што постигнувате со овие настани?

- Филиповска: Знаете како, сѐ е поврзано. Пред малку зборувавме дека учениците сакаат малку поинаков пристап. Оттука, постојано се стремиме кон тоа да организираме различни хуманитарни настани, активности, посети на институции/локалитети. Ги мотивираме учениците да направат нешто конкретно (ракотворба), да ја презентираат истата пред одредена јавност или целна група.

Независно дали публиката се нивните родители, баби, дедовци или пак ние, нивните наставници и стручен кадар. Важно е на детето, на младиот човек во развој да му покажете дека тоа што го направил е вредно, дека може од хартија да направи корисен предмет, дека може да биде конкурентен со другите свои соученици и другарчиња... И мислам дека овој пристап е потребен во секоја пора на општественото живеење кај нас. Мораме да го напуштиме синдромот дека „за ништо не нè бива“. Не, во „Максимилијан“, но и во Македонија, во сите училишта имаме успешни приказни со кои можеме да се гордееме. Само треба повеќе да ги афирмираме и да ги поддржуваме младите.

Софија Филиповска

Врсничкото насилство, булингот е една од најактуелните теми не само во делот на образованието туку генерално. Како Вашиот наставен кадар се справува со овие појави, кои влијаат на менталното здравје кај младите?

- Филиповска: Имајќи ја предвид тесната и нераскинлива врска меѓу учениците, образованието и менталното здравје, завршив и мастер студии по психологија. Дополнително, постојано се усовршувам на полето на психологијата и образованието и тоа особено во детектирање, процена и делување на проблемите кај младите. Затоа што колку и да мислиме дека знаеме и имаме искуство, многу е важен пристапот во разбирањето на секое едно дете.

Последниов период, последниве години никој не може да остане нем на настаните кои се случуваат, во нашето опкружување, во соседните земји и слично. Одговорноста е кај сите нас. Како училиште имаме и континуирана психосоцијална поддршка за учениците, но менталното здравје, врсничкото насилство меѓу младите веќе не е тема на која треба да делува и реагира само стручната јавност (педагози, психолози). Не, сега одговорноста е кај секој еден од нас: наставник, родител, стручни служби, ученик, јавни личности и сл.

Кога јас учев, нас нѐ заплашуваа со реченицата „ќе те носам кај педагогот“. Сметам дека тој пристап бил многу погрешен. Денеска учениците буквално се „бомбардирани“ со голем број на информации, меѓусебни комуникации, испраќања на рилови и сл. Секој/а може да се чувствува повредено. И најбаналната работа може да боли, а таа индивидуална болка да стане колективна. Во Меѓународното училиште „Максимилијан“ посветуваме многу време на овие прашања. Бараме од учениците да зборуваат, да прашуваат, да бидат критични, да ни се спротивстават и на нас повозрасните. Да покажат и пркос и бунтовност. Не смееме да ги потискаме нивните емоции и чувства ако сакаме да градиме здрава и инклузивна средина.

Кога завршува работниот ден, кога учениците си одат дома, почнува викенд или пак распуст... дали си викате „да, ова е работата која ја сакам“? Како е да се менаџира со една образовна установа?

- Филиповска: Во принцип не сакам клише одговори од типот „не знам што би правела без работата“, но верувајте дека ако не ја сакате оваа работа не можете да опстојувате долго и да се занимавате со истата. Треба постојано да се надградувате, да вложувате во доусовршување на тимот, сѐ со цел да понудите квалитетна образовна услуга.

Тука нема период на адаптација и привикнување, затоа што одговорноста е голема. Менаџирањето со „Максимилијан“ навистина ме исполнува, затоа што пред сѐ имам поддршка од целокупниот тим: наставници, стручни служби, ученици и родители.

Инспирираат големиот број на награди на нашите ученици, достигнувањата на меѓунарно ниво, но и секојдневните случувања во „Максимилијан“. Секогаш има успешни и помалку успешни моменти, но важно е да имаш тим од соработници кои ја сакаат работата и се посветени на истата. Тоа е така во работата, но и во сите други сегменти од животот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19449 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.