Интернационалната е-спорт платформа Good Game Global втор пат по ред организира Good Game Liftoff натпревар за млади стартап фирми. Пријавите за првото регионално натпреварување за најдобра претприемничка идеја со награден фонд од 14.000 евра се отворени, а може да се пријават учеснци од Хрватска, Северна Македонја, Словенија и Србија. Рокот за пријавување преку веб страната https://liftoff.good.game е 15-ти ноември 2019 година.
Good Game Liftoff е натпревар кој што е наменет за студенти кои што се на додипломски, дипломски и постдипломски студии на универзитети како и останати високо образовни институции, како и млади претприемачи кои што имаат производ или услуга во фаза на пред-инкубација, инкубација или подоцнежна фаза на развој.
Учеството во Good Game Liftoff е бесплатно, а оваа година старосната граница за членовите на тимот е зголемена од 25 на 30 години. Исто така, има измени во жирито, односно Северна Македонија ќе ја претставува Ангелка Пеева Лауренчиќ, генерален директор на фирмата за односи со јавност ImagePR, додека другите членови се претставници на успешни компании од Хрватска, Србија и Словенија.
„Станав дел од приказната за Good Game Liftoff поради тоа што ми се допадна пораката која што ја испраќа до младите – борете се и не се откажувајте затоа што постои некој кој што ве слуша и препознава. Очекувам жестока конкуренција бидејќи не се сомневам во тоа дека младите луѓе од регионот имаат што да понудат“ – изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ.
Како и до сега, процесот на натпреварување се состои од три фази. Сите пријави кои што ќе бидат испратени до 15ти ноември ќе бидат евалуирани од страна на стручно жири согласно следните три критериуми: креативност, оригиналност, иновативност, приспособливост и изводливост како и деталност и точност на доставената документација.
По завршување на евалуација, жирито ќе ги одбере најдобрите девет проекти кои што ќе бидат дел од финалето, додека десетиот финалист ќе биде избран преку публиката и нивните гласови. Финалето ќе се оддржи на 4 декември во Алгебра Лабу во Загреб, каде што стручното жири ќе го прогласи победничкиот тим кој што ќе освои награда во вредност од 14.000 евра. Единствената обврска на победникот во овој натпревар е следна – доколку нивниот стартап успее и се развие, и достигне пазарна вредност во износ од милион евра, тие се должни да ја донираат вредноста на добиената награда на нов проект на млади претприемачи.
Комерцијален текст