Почетна » Новости » Промо » Органска храна – мудриот избор на современиот човек

Органска храна – мудриот избор на современиот човек

Секоја голема промена на животниот стил може да биде предизвик, особено кога се работи за промена на долгорочни навики кои се одамна воспоставени, како што е секојдневниот стил на исхрана. Но, во последните години сè поголем број луѓе се решаваат да направат позитивна промена во животот и се ориентираат кон органската исхрана, како идеално решение за поздрав живот.

Колку од луѓето кои ги познавате се посветени да јадат здрава, вкусна храна одгледана на одржлив начин? Тоа се само дел од луѓето кои ги препознале придобивките од органската исхрана и направиле свесна одлука да ја направат дел од своето секојдневие.

dmBio

Внимателното одбирање на состојките кои ги консумирате ве прави „свесен потрошувач“, на кој му е важно храната која ја купува да биде добра за него, но и за животната средина. Со одбирање на органска храна богата со хранливи материи, на телото му давате извор на есенцијални витамини и минерали, поттикнувајќи баланс и благосостојба во организмот. А притоа, ваквиот избор придонесува за поодржлив екосистем, намалувајќи го штетното влијание на почвата, природата и природните ресурси.

dmBio

И додека порано беше потешко таа да се забележи на рафтовите во маркетите, сега е лесно да ја препознаете и да ја разликувате од конвенционално произведената храна. Во дрогериите на dm таа е означена со ознаката dmBio, која означува дека храната е произведена на природен и одржлив начин, почитувајќи го природниот биодиверзитет, но и најстрогите глобални регулации за квалитет на храна.

dmBio

Органскиот начин на живот е холистички пристап кон живеењето кој го приоретизира здравјето, одржливоста и еколошката свест. Тој се темели на верувањето дека одбирањето на органски состојки без додадени хемикалии не е од корист само за индивидуалното здравје, туку и придонесува за поодржлив и похармоничен однос со животната средина. А одлуката да се промени стилот на исхрана и да се адаптира кон органската храна е одлука која ја прави вистински свесен човек во модерното време. Направете го и вие вистинскиот избор!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24371 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.