Почетна » Новости » Промо » Најдобрите модни трендови, кои не смеете да ги испуштите оваа пролет

Најдобрите модни трендови, кои не смеете да ги испуштите оваа пролет

Доаѓаат првите сончеви денови, а со тоа и потребата да ги ревидираме парчињата во нашиот шкаф, да ги тргнеме настрана зимските и да направиме место за нови пролетни комбинации.

Пролетта е совршената сезона за да внесете нови парчиња во вашиот шкаф и да направите комбинации во кои ќе се чувствувате удобно и самоуверено. Еве неколку одлични комбинации, кои вклучуваат женска облека идеална за оваа сезона.

Женска облека

Кратки шорцеви за ноншалантни комбинации

Најпопуларниот тренд за оваа пролет е комбинацијата од мини кратки шорцеви со хулахопки. Овој урбан изглед го прослави Кејт Мос како ултра кул комбинација, која може да биде соодветна за многу различни пригоди – од комбинација за опуштена саботна прошетка, кежуал бизнис изглед, до фестивалски аутфит.

Најдоброто кај кратките шорцеви е токму тоа што можете да ги комбинирате на многу различни начини и да ги приспособите да бидат соодветни за различни пригоди. Можете да направите комбинација од кожени шорцеви, проѕирни хулахопки и елегантни чевли со висока потпетица.

Овој стил покажува лесна софистицираност и одлично се комбинира со палто, па ќе можете да направите комбинации и за на работа. Ако сакате смел изглед, одлучете се за куси панталони, високи чизми и долг мантил во комбинација со едноставна бела маичка или друга еднобојна варијанта. Кратките шорцеви се вашиот урбан ноншалантен изглед за оваа сезона со кој сигурно ќе оставите впечаток каде и да се појавите.

Меки ткаенини и романтични дезени

Најубавото чувство што доаѓа со пролетта е тоа на слобода. Веќе не мора да носиме многу слоеви облека и тешки капути, туку можеме да уживаме во слободата на движења во здолништа и фустани.

За да бидете во тренд, решете се за модели од лесни и лелеави ткаенини, кои ќе го следат движењето на вашата силуета како сатен и шифон. Со макси фустани со цветни принтови или нежни детали од тантела во секоја пригода ќе имате романтичен и женствен изглед. Лелеавите долги фустани на пролет секогаш можете да ги комбинирате со мантил, а оваа сезона ќе бидат популарни моделите во бела, сива и беж боја.

Женска облека

Панталони со висок струк

Панталони со висок струк се вашата совршена комбинација за во канцеларија. Може да направите многу интересни комбинации, без разлика дали тоа ќе го направите со кошула или топ со интересен принт.

Можете да експериментирате со интересни колани, кои визуелно ќе ја нагласат вашата комбинација. Ако оваа пролет сакате да се задржите до цветниот и женствен изглед, секогаш можете овие панталони да ги комбинирате со блуза со цветен принт.

Додајте на вашиот изглед кратка кожена јакна, тексас-јакна или бомбер. Идеално ќе биде панталоните со висок струк да ги комбинирате со елегантни чевли со висока потпетица, но одберете височина со која ќе се чувствувате удобно.

„Металик“ трендот останува и оваа сезона

Овој екстравагантно гламурозен тренд веќе некое време е многу популарен на модните ревии, а ќе остане и оваа пролетна сезона. Сребрените панталони со висок струк во комбинација со бела тесна маичка станаа класична комбинација во која на секоја забава ќе изгледате добро.

За некоја посебна вечер, за која сте сигурни дека ќе се завршите на некој дископодиум, можете да се одлучите за металик јакна во комбинација со исто таква мала чантичка.

Овие тонови се специфични, па треба да внимавате кој оди најдобро со вашата кожа. Розовозлатни тонови се одлични за кожа со топол тен, додека сребрените ноти се идеални за тие со студен тен. Ако сте облечени од горе до долу во црно или бело, секогаш можете да ја разбиете таа комбинација со еден ваков детаљ.

Одлучете се за металик чанта или одушевете ги сите со исти такви чевли или чизми. Долг металик фустан во златна или сребрена боја е вашиот идеален избор за софистицирана прилика.

Женска облека

Целосно бели комбинации и нежни тонови

Оваа сезона се очекува враќање на свежите комбинации, а со тоа и на облекувањето од горе во долу во бело. Бели фармерки со висок струк во комбинација со бел топ се супер изглед за многу различни пригоди, а белите фустани со лелеав мантил сигурно ќе сакате да ги искористите за повеќе различни пригоди.

Оваа пролет на модните писти се најпопуларни нежните тонови, како бебешка сина, путержолта и нежнорозова. Нема да згрешите ако одберете фустан во овие бои, без разлика дали ќе се одлучите за лелеави и долги или, пак, кратки и тесни модели. Со облека во овие тонови ќе се чувствувате лесно, слободно и опуштено.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.