Со сигурност веќе знаеш за големиот тропски Late Night Shopping овој петок (28 јуни) во Скопје Сити Мол. Знаеш дека ова се најголемите попусти и дека шопингот трае до полноќ, а и ги очекуваш сите концерти, настапи и диџеј сетови. Но прашањето е дали вистински си подготвен за сѐ што следува?
Прочитај го овој краток шопинг-водич и провери си, времето до настанот полека истекува.
- Најважно е да ти е подготвена дебитната или кредитната картичка. Зделките се големи, шансите за добар шопинг се огромни.
- Наспиј се - Шопингот на 28 јуни трае до полноќ, така што внимавај да не заглавиш претходната вечер и легни си порано!
- Разгледај што и како би купувал. Одредени брендови имаат свои веб-страници или апликации и секогаш е добро да имаш однапред на ум што ти е потребно.
- Подготви си удобна шопинг-облека. Сигурно имаш барем една тропска кошула или лежерна комбинација. Во целата таа хавајска атмосфера добро ќе се чувствуваш ако се облечеш во нешто пријатно и лесно. Освен долгите часови низ продавници, вечерта те чекаат и супер концерти на покривот на Скопје Сити Мол, така што исклучително е важно и твоите обувки да се удобни за носење.
- Петок е ден за забава. Веќе споменавме дека те очекуваат одлични музички настапи и голем концерт, но важно е и ти да го понесеш твоето добро расположение и насмевка.
- Добро друштво. Најубаво се шопингува во друштво, а коктелот е најдобро да се сподели и да се наздрави со другар или другарка. Затоа, јави им се на твоите пријатели и уште отсега договори ги за овој петок во Скопје Сити Мол. Предлог-точка за собирање може да ви биде коктел-барот Aloha.
- Не закажувај масажа за наредниот ден. Многу шопинг и многу забава знаат и да те заморат, но Скопје Сити Мол го има и тоа предвид. Затоа е подготвена и посебната оаза за релаксација во која можеш да добиеш масажа што ќе те опушти по напорниот шопинг.
- Не очајувај ако не си тука на 28 јуни. Попустите продолжуваат до 30 јуни, така што ако од некоја важна причина не можеш да се приклучиш на Late Night Shopping лудилото, сепак можеш да ги искористиш одличните понуди на омилените производи.
Ако сево ова ти е средено, тогаш ти си и повеќе од подготвен за она што следува на 28 јуни.
ТROPICAL LATE NIGHT SHOPPING - само во Скопје Сити Мол! Сѐ што сакам!
Комерцијален текст