Почетна » Новости » Промо » „Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга

Општествено одговорната кампања преку која „Макпетрол“ придонесува во решавање на проблемот со булингот се проширува и во Општина Струга. Учениците кои посетуваат настава во основните училишта ќе учествуваат во работилници овозможени од компанијата во рамки на „Крени глас против врсничко насилство“. Предводени од психолог со долгогодишно искуство од областа, овие едукативни средби на младите им обезбедуваат знаења што ќе им помогнат кога ќе се соочат со овој проблем или ако веќе биле дел од случаи на булинг.

Со цел успешна реализација на овие активности, „Макпетрол“ и Општина Струга потпишаа меморандум за соработка. Освен работилници, компанијата, за учениците, но и за наставниците, стручните служби и за родителите, испечати и достави и едукативни прирачници за врсничко насилство. Наставниот кадар од училиштата, заедно со педагозите и со психолозите, стекнатите знаења ќе можат да ги применат во редовната образовна програма.

Makpetrol

Освен Струга, од почетокот на 2024 во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се вклучија и Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. Компанијата, до крајот на минатата година, потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

Во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија вкупно 21 општини од сите региони на Македонија. До крајот на 2023 година „Макпетрол“ овозможи работилници и достави едукативни материјали во голем дел од општините, во некои од нив тие се во тек, додека во останатите, истите ќе се одржат во наредниот период. Овие едукативни средби, како и прирачниците, на учениците, но и на сите останати засегнати од проблемот, им помагаат да се запознаат со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг.

Интернет-страницата kreniglas.mk содржи голем број информации за врсничкото насилство. Покрај едукација на учениците, наставниците, стручните служби и на родителите, оваа платформа обезбедува и можност за анонимно споделување лични искуства поврзани со врсничкото насилство.

Makpetrol

„Крени глас против врсничко насилство“ е кампања преку која што „Макпетрол“ остварува еден од своите стратешки приоритети - општествената одговорност. Со активностите што се дел од овој проект компанијата креира платформа преку која децата и младите добиваат поддршка при соочувањето со булингот. Создавањето можности за реализација на талентот и на потенцијалот на младите во земјава и понатаму ќе биде една од најважните стратешки цели на „Макпетрол“.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.