Почетна » Новости » Промо » „Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач

„Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач

Компанијата „Макпетрол“ е најпосакуваниот работодавач меѓу нафтените компании во земјава, одлучија посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком. Признанието за најпосакуван работодавач синоќа им беше врачено на претставниците на „Макпетрол“ на свечената манифестација што се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје на која беа прогласени најуспешните компании-работодавачи во осум категории.

Макпетрол

Според организаторите на манифестацијата, „Макпетрол“ го заслужи првото место во својата категорија поради изразениот интерес на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во компанијата, како и врз основа на резултатите од анкетата за најдобрите работодавачи што неодамна ја спроведе Вработување.ком. Стабилноста на компанијата, солидните плати, многубројните бенефити за вработените и можностите за професионална надградба и напредок, се главните причини поради кои „Макпетрол“ е првиот избор на лицата кои сакаат да работат во оваа дејност.

Како компанија која 76 години функционира на пазарот, константно вложуваме во подобрување на нашата продажна мрежа, унапредување на услугите и во нашите вработени. Покрај нивната финансиска стабилност, многу вложуваме и во едукацијата и развојот на вработените со што овозможуваме да изградат успешна професионална кариера и да постигнат личен развој. Горди сме што нашите вработени се најголемите амбасадори на „Макпетрол“, луѓе кои лично сведочат за успешното работење на компанијата во секој сегмент“ – истакнуваат од „Макпетрол“.

Макпетрол

Во согласност со корпоративната политика на компанијата, во која задоволството на вработените и обезбедувањето најдобри услови за работа се едни од приоритетите, „Макпетрол“ минатата 2022 година два пати ги зголеми платите на вработените, со што нивните месечни примања се зголемија за околу 20%. Покрај зголемувањето на платите, на вработените во „Макпетрол“ лани им беше исплатен регрес за годишен одмор во нето-износ од 33.000 денари, дополнителен новогодишен бонус во нето-износ од 30.000 денари по вработен, како и распределба на дел од добивката по годишната сметка за 2021 година наменета за вработените во вкупен износ од 70 милиони денари.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19692 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.