„Макпетрол“ АД Скопје донираше 620 училишни ранци за првачињата во сите 8 основни училишта во општина Центар во Скопје. Училишните ранци денеска на учениците им ги подели Општина Центар на првиот училишен ден.
Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ исклучително го вреднува значењето на образованието во развојот на луѓето и со својата донација вложува во иднината на децата. Донацијата на компанијата доаѓа во годината кога „Макпетрол“ одбележува 75 години од основањето, период во којшто голем дел од своите ресурси, време и енергија посветува на доедукација и професионално усовршување на вработените.
„Компанијата е постојано меѓу најпосакуваните работодавачи во земјата, а една од главните причини за тоа е што им овозможува личен и кариерен развој на членовите на својот тим. Со ова се потврдува вредноста што ја придаваме на образованието и со тоа на ум, ја реализиравме оваа донација на ранци за сите првачиња во Општина Центар со кои, се надеваме, дека ќе ги израдуваме и ќе им помогнеме во совладувањето на училишните предизвици“ – велат од компанијата „Макпетрол“.
Комерцијален текст