Почетна » Новости » Промо » Како најдобро да се разбере и зборува јазикот на задоволството?

Како најдобро да се разбере и зборува јазикот на задоволството?

Дали имате малку време да зборуваме за задоволството?

Задоволство

Времето поминато во уживање и задоволство е добро потрошено време. Во свет каде сме соочени со постојан стрес и одговорности, од витално значење е да можете да најдете радост и задоволство. Дури и ако понекогаш не изгледа така, има толку многу радост и задоволство што се наоѓаат насекаде oколу вас.

Да се открие секој вид на задоволство значи да се живее животот максимално.

Способноста да ги препознаеме различните варијанти на задоволството ни овозможува да доживееме повеќе. Тоа е налик на готвач кој го тренира и подготвува своето непце да препознае сложени вкусови. Ајде сега да го прошириме вашиот речник на задоволство.

Антропологот Lionel Tiger направил револуционерна работа во регистрирањето на задоволството во поинклузивна смисла на зборот, надвор од она што е добро за телото во моментот, како на пример масажа. Tiger ја разбрал сложената природа на она што ги прави луѓето да се чувствуваат добро и кои се причините кои водат кон задоволство, па ја создал призмата на четирите задоволства. Неговата призма групира различни пријатни искуства во четири категории:

Физио-задоволство (задоволство на сетилата), Социо-задоволство (радост на заедницата), Психо-задоволство (задоволување на интелектуалната работа) и Идео-задоволство (блаженство на идеалите и духовните стремежи).

Сепак, доживеаното искуство не спаѓа во ниту една категорија. Замислете дека ја поминувате петочната вечер со пријателите во паб каде играте друштвена игра – Паб квиз. Ова искуство вклучува три типа на задоволство: физио-задоволство (конзумирање на алкохол), социо-задоволство ( време поминато со вашите пријатели) и психо-задоволство (правилно одговарање на прашањето). Најдобро е да се мисли на четирите типа во призмата како основни бои што ги мешаме во уникатни нијанси.

Сега да зборуваме за интензитетот и нивото на задоволство. Има цел спектар на задоволства кои се движат од едноставни радости до вистински трансцендентални искуства, кои ќе ги наречеме пет нивоа на задоволство:

  • Задоволството на сетилата:, овие задоволства се секојдневните радости, и големите и малите, кои произлегуваат од нашите сетила , односно оние најмалку комплицираните. Размислете да допрете меко ќебе, да седнете по долга прошетка, замислете го првиот залак од омиленото јадење. Овие мали задоволства се начин да вежбате внимателност и да уживате во секој момент.
  • Задоволството на интимноста: прегратки со саканите, повик од драг пријател, морална поддршка од вашите родители – сите овие нешта се примери на задоволство што се наоѓа во интимноста. Надвор од допир, нашите длабоки врски го подобруваат квалитетот на животот. Сите сме минале низ тежок ден полесно знаејќи дека на крајот ќе се вратиме дома кај некој што го сакате и за кого се грижите.
  • Задоволството од извршената работа: Остварувањето на која било активност заради себе, поттикната од очекувањето дека ке биде успешно реализирана спаѓа под овој вид на задоволство. Ова не мора да биде работа од соништата или вид на работа. За многумина, значајна работа може да биде волонтирање во слободното време, практикување хоби или извршување задачи што им овозможуваат да се ослободат од стресот.
  • Задоволството на креативноста: Да се биде креативен носи неверојатна радост, иако не мора да бидеш „уметник“за да се добиеш епитет на креативец. Многу работи бараат креативност, затоа погледнете ги малите можности насекаде околу вас за да ја прифатите и развиете вашата имагинација и инстинкт за создавање на нови нешта.
  • ЗадоволствоЗадоволството од духовните определби: Наједноставниот начин да се опише ова ниво е да се бара задоволство надвор од доменот на физичкото. Станува збор за поврзување со повисоко јас или повисока моќ и ценење на животот одвоено од егото на кој било начин што вам ви прави смисла. Ослободете се од постојано размислување, планирање и желба. Практикувајте го едноставниот процес на бидување.

Сега кога знаете дека околу вас постојат сите овие задоволства останува прашањето - како да извлечете максимум?

Сигурни сме дека немате ништо против идејата за попријатен живот. Сите сакаме да се чувствуваме добро. Малку повеќе задоволство во нашето секојдневие не може да наштети.

Првиот чекор на ова патување е да ги усогласите телото, умот и емоциите за да почувствувате задоволство на повеќе нивоа. Погледнете каде сте, како се чуствувате и што значи за вас да имате повеќе задоволство за себе си.

Идејата овде е да откриете што ви предизвикува радост и да го се посветите на тоа, наместо да се фокусирате на недостаток или уште полошо да се споредувате со тоа како другите постапуваат во однос на истово.

Вашите желби и потреби се најважни. За целите на оваа вежба, најдобро е да погледнете одредени области од вашиот живот како пријателите и семејството, професионалниот живот, себе и љубовта.

Потоа запрашајте се неколку основни прашања за секоја област во врска со тоа како вашиот живот може да биде подобар и и да ви носи задоволство. Се разбира, секогаш пријдете на ова од позиција на љубезност и одолејте на нагонот да си судите.

Пример прашања овде може да бидат:

  • Како се чувствувате? Какво мислење имате за себе си? Како е вашето тело, вашиот начин на живот, вашето ментално здравје?
  • Дали вашата работа ве исполнува и ви носи предизвик? Што е она што е движечка сила во вашиот живот?
  • Дали редовно сте во контакт и се дружите со пријателите и саканите?
  • Дали доживувате задоволство во вашиот сексуален живот?

Откако ќе имате добиете впечаток за тоа како изгледа секоја област од вашиот живот, проценете го нивото на вашето задоволство. Најлесен начин овде би бил да се користи едноставна скала од „незадоволен/на “до „многу задоволен/на“. Не грижете се ако не сте сосема задоволни со сите области - тоа е сосема нормално. Повторното откривање и негување на задоволството во вашиот живот е патување и се состои од повеќе чекори и трае подолг период.

Начини да извлечете максимум од задоволството во романтична врска

Подобрувањето на задоволството во една романтична врска може да биде нешто на што би сакале да посветите внимание ако пристапите од поинаков агол. Љубовта и задоволството често се испреплетени. За некои луѓе исполнетата и здрава врска може да донесе голема среќа и задоволство.

За да ја подобрите секоја романтична врска, треба да поседувате одредена самосвест. Разберете ја вашата улога во врската и што сакате од партнерот. Односите не мора да одговараат на одредена идеја или модел. Цврстото застапување на вашата вистина и желба неизбежно ќе го привлече вистинскиот партнер. Сега проценете дали вашата моментална врска се совпаѓа со вашите вредности.

Откако ќе имате јасно разбирање за сопствените мисли и чувства, време е да разговарате со вашиот партнер. Потребни се двајца за танго, а комуникацијата е она што ве одржува и двајцата во синхронизација.

Искреноста и транспарентноста се столб на цврстата врска. Пристапете кон дискусија за какви било прашања или области на подобрување и прогре, бидете подготвени да соработувате. Заедничката посветеност кон една цел може да помогне да се зајакне врската помеѓу вас и вашиот партнер.

Важно е да запомните дека ниту една врска не е совршена. Секогаш има простор за подобрување, затоа одвојте време да растете заедно.

Како да извлечете максимум задоволство во спалната соба?

Најпрво, мора да знаете дека одличниот секс се сведува на многу работи, а едни од клучните се слушањето што партнерот има да каже и правилната комуникација.

Слушајте го вашето тело. Слушајте го телото на вашиот партнер. Сексот е тимски спорт, а за одличен секс потребно е и двете страни да бидат целосно присутни во чинот и да ги знаат меѓусебните сомнежи.

Задоволство

Разговорот за секс потребно е да се случи рано, уште во фазите на флертување, и се разбира тој разговор со тек на време потребно е да станува се подлабок. Можеби, во меѓувреме вашите ставови се промениле, можеби сакате да пробате нешто ново. Разновидноста е она што го одржува сексот возбудлив. Седнете и разговарајте искрено со вашиот партнер за тоа како сакате да експериментирате.

Можеби можете да креирате посебна атмосфера и расположение со свеќи и сензуална музика. Нема уреди, телефони, или екрани. Само вие двајца, подготвени да си ги истражувате телата како да се заедно за прв пат. Забележете што прави партнерот и дали се чувствувате добро, и обратно, бидете слободни да истражувате. Ова е момент да експериментирате без разлика дали тоа е преку играње улоги или вклучување играчки или испробување на нова позиција. Ќе се изненадите колку взаемното истражување ќе го подобри задоволството во спалната соба. Нема губитници во оваа игра.

Работењето на сексуалната интимност многу брзо ќе се одрази и во другите аспекти на вашата врска како резултат на развивањето на подобри комуникациски вештини и градење доверба.

Верувајте му на вашиот партнер и чуствувајте се слободни да споделите деликатни моменти како потребата да се направи тест за бременост Surecheck.

Првиот принцип на задоволство е да не се присилувате на ништо. Сексуалното задоволство не е испит што треба да се положи со сите поени. Отстранете го притисокот и препуштете се на моментот. Нема совршена формула или резултат по кој ќе се водите.

Ова се однесува на сите видови на задоволство. Секој ден нуди нови можности да најдете задоволство во животот и максимално да уживате во него.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.