Почетна » Новости » Промо » Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.

Проектот има две цели. Прво, оспособување на одбраните кандидати за позицијата Front-end developer, а потоа по студиите да им биде понудена помош за наоѓање работа. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видеолекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.

Одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од трошоците за студиите, а обуката им е наменета, пред сѐ, на невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со посебни потреби.

Пријавувањето на кандидатите трае до 21 јули, а се врши на веб-страницата на BEF.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19666 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.