Почетна » Новости » Промо » За сите идни мајки! BabyTest Plus и Advanced, најкомплетен неинвазивен пренатален тест, достапен единствено во Авицена

За сите идни мајки! BabyTest Plus и Advanced, најкомплетен неинвазивен пренатален тест, достапен единствено во Авицена

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на секоја жена. Најголема грижа и желба на секоја мајка претставува здравјето и правилниот развој на нејзиното бебе.

Голем број жени се соочуваат со многу предизвици и одлуки што треба да ги донесат, од моментот пред зачнувањето, па сè до раѓањето на бебето. Лабораториските тестови и лекарските прегледи се суштинска компонента во текот на секоја бременост, тие обезбедуваат важни информации за следење на здравјето на идната мајка и на нејзиното бебе.

Нашата ДНК ги носи сите генетски информации што се потребни за добро здравје и за правилен развој. Таа постои во формана 23 парахромозоми во нашите клетки. Но, за време на бременоста може да се појават хромозомски абнормалности и да влијаат врз здравјето и развојот на бебето. Ваквите нарушувања не можат да се детектираат со вообичаените рутински тестови и прегледи.

Авицена

Во Авицена Лабораторија е достапен BabyTest Plus и Advanced, генетски неинвазивен пренатален тест за брза и прецизна детекција од 99.9%, на најчестите хромозомски нарушувања кај плодот. Овој тест врши анализа на ДНК од плодот, која циркулира за време на бременоста во крвта на мајката, и со помош на новите технологии оваа ДНК се секвенционира и детално се анализира за можни хромозомски нарушувања кај плодот.

Што треба да знае секоја идна мајка за BabyTest Plus/Advanced?

Се прави по 9-тата гестациска недела од бременоста, преку земање едноставен примерок од венска крв во Авицена Лабораторија како и за секоја друга рутинска анализа, при што со овој начин, тестот нема никаков ризик врз мајката и врз плодот.

Тестот е комплетен и ги анализира сите 24 хромозоми од човечкиот кариотип, со висока прецизност на издадените резултати од над 99.9%, покрај останатите детектира и трисомии на хромозоми 16 и 22 најчесто поврзани со спонтани абортуси, го одредува полот на бебето, а постои и можност за тестирање на близначка бременост.

Верзијата BabyTest Advanced дополнително одредува 10 микроделеции, кои се поврзани со познати генетски синдроми.

BabyTest Plus и Advanced се достапни на 3, 6, 9 и 12 рати. Резултатите се издаваат за 6-7 работни дена заедно со целосниот медицински извештај. За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19703 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.