На последниот августовски ден, хотел Континентал во Скопје беше домаќин на конференцијата „И ЈАС СУМ ЖЕНА“, каде се собраа голем број инспиративни жени и нивните поддржувачи. Горди сме што нашата детска градинка „Литл Ми“ беше дел од овој значаен настан, придонесувајќи кон неговиот успех со воведувањето на едно посебно и уникатно детско катче.
Во рамките на овој настан, втора конференција по ред на која Литл Ми на која создаде топла и пријатна атмосфера каде што децата од 3 до 6 години беа ангажирани во креативни работилници, едукативни игри и активности, кои не само што ги забавуваа, туку и ги поттикнуваа нивните вештини и имагинација, родителите имаа можност да ја посетат конференцијата и целосно да се посветат на дискусиите и содржините, додека за нивните најмлади се грижеа нашите професионалци.
Конференцијата помина во одлична атмосфера и беше вистински празник за сите присутни. Родителите можеа да се насочат кон инспиративните говори, знаејќи дека нивните деца се во сигурни раце. Нашиот тим од „Литл Ми“ се погрижи децата да го поминат денот исполнет со радост и учење, додека нивните родители учеа и се инспирираа од говорниците.
Успешниот пример од ваквиот начин на организирање на конференциите секако дека се покажува како добра, корисна и примерна практика која би требало во иднина да стане составен дел на секоја една идна конференција или сличен настан. Среќни сме што можевме да придонесеме за успехот на овој настан и горди сме што со нашата постојана иновативност, „Литл Ми“ продолжува да го покажува својот врвен квалитет и единственост.
За да ја погледнете целата атмосфера и да уживате во љубопитните детски погледи, кликнете на следниот линк: https://www.instagram.com/p/C_Vkq3fseNS/
Со повеќе од 7 години посветеност на најмладите, детската градинка „Литл Ми“ стана синоним за квалитет во предучилишното образование и продолжува да ја гради својата репутација како лидер во оваа област.
Комерцијален текст