Доколку сте родител на хиперактивно дете кое се соочува со дефицит на внимание, има потешкотии при фокусирање за време на извршување на зададените задачи и постојано одбива да слуша и соработува, можеби постои начин со кој може да му помогнете, благодарение на безбедниот суплемент Esprico®.
Станува збор за уникатна формула составена од Омега 3 масните киселини, како и клучните минерали како цинк и магнезиум – кои се научно докажани состојки и кои значително го подобруваат вниманието и концентрацијата кај децата, при тоа овозможувајки полесно фокусирање со кое исполнувањето на секојдневните задачи станува многу полесно.
Дефицитот на внимание кај децата, најчесто се манифестира преку потешкотии во одржување на концентрацијата за подолг временски период, особено за извршување на задачи кои бараат психички напор, односно поголемо фокусирање.
Децата со намален фокус може да изгледаат целосно незаинтересирано, често ги забораваат зададените инструкции и имаат потешкотии да го следат целиот тек на активностите. Ваквиот однос, не само што влијае на нивните училишни обврски, туку тие претставуваат сериозен проблем во секојдневната социјалнизација и комуникација со нивните родители, учители или другарчиња.
Трите компоненти што се дел од уникатната формула на Esprico®, во комбинација создаваат баланс во мозокот и нервниот систем, помагајќи му на детето да се фокусира и да ги намали симптомите на хиперактивност.
Омега 3 масни киселини: Омега 3 масните киселини имаат значајна улога во здравјето на мозокот и когнитивната функција кај децата, и се од големо значење за развојот на мозочните клетки и преносот на нервни импулси. Истражувањата покажуваат дека Омега 3 го подобрува фокусот, меморијата и концентрацијата, особено кај деца кои имаат тешкотии со внимание. Дополнително, овие киселини го поддржуваат здравјето на срцето и помагаат во намалување на воспаленијата.
Цинк: Цинкот е есенцијален минерал кој игра клучна улога во правилниот раст и развој на децата, вклучувајќи ги и когнитивните функции. Тој го поддржува здравјето на имунолошкиот систем и учествува во регулирањето на нервните импулси во мозокот. Исто така, цинкот е поврзан со подобрена меморија, внимателност и способност за решавање на проблеми. Недостатокот на цинк може да доведе до намалена концентрација и зголемена раздразливост кај децата.
Магнезиум: Магнезиумот е од клучно значење за правилното функционирање на нервниот систем. Тој помага во регулирањето на мозочната активност и придонесува за намалување на стресот и анксиозноста кај децата, што може да доведе до подобра концентрација и помалку импулсивно однесување. Исто така, магнезиумот го поддржува здравиот сон, кој е неопходен за менталниот развој и когнитивните функции.
Esprico® е специјално формулиран за третман кај деца со недостиг на внимание, концентрација, хиперактивност и импулсивност кој благодарение на своите состојки, им овозможува на децата полесно фокусирање и учење.
Комерцијален текст