Почетна » Новости » Промо » Греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Загревањето на еден дом со инвертер климатизер не значи поголема потрошувачка на електрична енергија и пари. Има неколку едноставни работи кои можете да ги направите за да заштедите и на двете работи.

Daikin

Зимата е на пат и надворешните температури брзо опаѓаат. Капи, ракавици, шалови и дебели јакни се неопходни за следните неколку месеци, но како да се осигурате дека домот ќе ви биде топол и удобен?

Многу е важно да го имате вистинскиот систем за одржување на идеала внатрешна температура. Сепак, системот не треба само да ја одржува внатрешната температура, туку и да заштедува пари и електрична енергија. Има неколку работи кои треба да ги имате на ум кога одбирате клима за греење.

Локација

Надворешната температура е важна почетна точка и затоа е клучно каде се наоѓа вашиот дом: сите клими се дизајнирани да функционираат во одредени климатски услови. Уред кој е несоодветен за надоврешните временските услови може да работи несоодветно што доведува и до замрзнување во одредени ситуации. Климите на Daikin, се дизајнирани ефикасно да функционираат во режимот на греење – дури и кога надворешната температура е -15°C. Високиот степен на влажност исто така може да претставува проблем, бидејќи ја активира “Defrost“ опцијата за одмрзнување на клима уредот – нешто на кое треба да се внимава доколку живеете блиску до езеро, река или море или во области каде што често е магливо.

Големина на соба

Уште еден важен фактор при одбирањето на вистинскиот клима уред е големината на собата која сакате да ја загреете, бидејќи ова го одредува капацитетот на уредот кој ви е потребен. Ако капацитетот е премногу мал, тогаш клима уредот нема доволно да ја загрее собата. Daikin нуди клима уреди со капацитет од 2,5 до 8,5 киловат часа.

Константна температура за постојана удобност и благосостојба

Клима уредите на Daikin се опремени со специјална инвертер технологија со цел да се спречи губитокот на енергија, со ефикасно контролирање на модулацијата на компресорот. Наместо да троши дополнителна енергија со тоа што константно ќе ја намалува и зголемува температурата, инвертерот ја прилагодува брзината на моторот со цел континуирано да работи и да биде поефикасен. Ова ја намалува потрошувачката на енергија до 30%.

Згора на тоа, климите на Daikin имаат интегрирани сензори за детекција на движење, кои го вклучуваат режимот на штедење на енергија кога собата е празна. Ова ги прави поекономични од другите системи и подобар избор за греење на долг временски период.

Изолацијата е важна

Изолацијата на вашиот дом и неговите прозорци играат важна улога во заштедувањето на електрична енергија. U – вредноста или коефициентот на транзиција на топлина, покажува колку енергија се губи преку одреден елемент на еден објект, како на пример прозор. Колку е помала U – вредноста, толку е подобра заштедата на енергија на тој елемент. Затворањето на вратите може да направи чуда!

Редовното одржување е клучно

Редовното сервисирање и одржување е особено важно, затоа вреди да се погледне гарантниот период и да се осигурате дека со клима уредот следува сервисирање по купувањето, кога тоа е потребно.

Повеќе информации погледнета на: www.daikin.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19702 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.