Подното греење е одржлив и економичен систем за греење, но има многу заблуди за тоа како работи. Време е да ги разоткриеме митовите и да ви покажеме зошто овој систем е одлична опција за вас.
Постојат многу митови за тоа што е подно греење и како работи. Тимот на Daikin е тука да ви покажеме како работи овој одржлив и економичен систем и зошто тоа би бил одличен избор за вашиот дом.
Мит 1: Подното греење е многу поскапо од радијаторите
Вистина е дека цената за инсталирање на подно греење е 30% поскапа од традиционалните радијатори. Но, подното греење е инвестиција што се исплати на долг рок. Бидејќи системот е енергетски поефикасен и бара помалку одржување, подното греење се смета за поекономичен избор, особено кога се комбинира со топлотна пумпа.
Мит 2: Куќа со подно греење многу тешко се загрева
Иако подното греење не развива високи температури, благодарение на еднаквата распределба на топлината и природната циркулација на воздухот, подното греење достигнува температурата во собите да достигне до 25°C.
Мит 3: Подното греење е во суштина електрично греење
Точно е дека најчесто за подно греење се користи електрична енергија, но не смее да се заборави фактот дека подното греење може да се поврзе на топлинска пумпа. Со самото тоа што подното греење работи на постојано ниска температура, поврзувањето на системот со топлинска пумпа би било идеално решение.
Мит 4: Подното греење може да се постави само на подот
Ова можеби ќе ве изненади, но подното греење не се поставува исклучиво на подот. Во некои случаи каде што е потребно собите да се загреат побрзо, истото може да се постави на ѕидовите и на таванот.
Мит 5: Отечени стапала поради подното греење
Во минатото кога температурите на подното греење достигнуваа до 35°C ова беше точно. Но, со модерните системи на подно греење ова веќе не се случува. Дополнително, доколку системот е поврзан со топлотна пумпа, истиот може да се користи за ладење во летните периоди.
Мит 6: Подното греење е нездраво
Токму спротивно на овој мит, подното греење ја спречува циркулацијата на честичките прашина и ја подобрува влажноста на воздухот, што е особено корисно за луѓе кои имаат алергии и респираторни заболувања.
Мит 7: Не може да се користи во комбинација со паркет
Доколку за паркет се користи повеќеслојно квалитетно дрво што е отпорно на влага каде даските се со ширина до 15 сантиметри, тогаш не би требало да имате никаков проблем.
Комерцијален текст